Македонија Груевски и Ахмети разговарале за изборите и за политичката состојба

Груевски и Ахмети разговарале за изборите и за политичката состојба

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, денеска имале средба на која разговарале за изборите одржани на 11 декември и за актуелната политичка состојба, информираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Никола Груевски и Али Ахмети, денеска остварија средба на која акцентот во разговорите беше ставен на две точки и тоа анализа на резултатите од изборите одржани на 11 декември, кои беа оценети како слободни, фер и демократски, како и анализа на актуелната политичка состојба. Двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за престојаните предизвици на тој план“, се вели во краткото соопштение на партијата.