Македонија Груевски: Го поздравувам ангажманот на дипломатите

Груевски: Го поздравувам ангажманот на дипломатите

„Работните групи се во постојана комуникација со олеснувачот. Во наш интерес е спроведување на Договорот и посветено работиме за тоа што побргу да се случи“, изјави на денешната прес-конференција премиерот Никола Груевски.

– Во однос на одлучувањата на министерот за внатрешни работи, прво ќе се изјасниме на преговарачка маса, па подоцна ќе излеземе со став – рече Груевски.

Тој го поздрави ангажманот за помагање и за олеснување на преговарачкиот процес од дипломатите.

– Тоа што го напишав на „Твитер“ е само потврда на реалноста, односно на изборите одлучуваат граѓаните и тоа воопшто не е во колизија со напорите и со залагањето на дипломатскиот кор – посочи премиерот.