Македонија Груевски: Фокусиран сум на формирање нова влада, не сум се слушнал ниту...

Груевски: Фокусиран сум на формирање нова влада, не сум се слушнал ниту видел со Заев

Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту слушнато, иако очекував да ми ја честита победата. Но, се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено, кога имало потреба, сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме за да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден – напиша лидерот на ВМРО-ДПНЕ, Никола Груевски, на својот профил на „Фејсбук“ по изјавата на Заев денеска во Битола дека со Груевски си немаат вперено пушки, туку седат и разговараат заедно за иднината на Македонија

Според Груевски, Заев прави максимални напори да ја продолжи политичката криза во Македонија.

– Согласно изборот на граѓаните на Македонија и меѓународната потврда за тоа дека изборите поминаа во најдобар ред и беа фер и демократски, јас во овој период сум фокусиран кон формирање на новата влада за реализација на ветената програма за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија – напиша Груевски.