fbpx

Заев: Меѓу мене и Груевски нема вперени пушки, седиме и разговараме заедно

-

Јас и Груевски не сме со вперени пушки меѓу нас, ние седиме заедно, разговараме заедно, ние одлучуваме за иднината на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев при посета на Битола.

– Да не веруваат на оние од врхушката на власт кои им даваат глупави насоки. Јас и Груевски не се гледаме преку нишан и не сме со вперени пушки меѓу нас. Ние седиме заедно, разговараме заедно, ние одлучуваме за иднината на Македонија. Можеби сме спротивставени, но ние се слушавме во текот на кампањата. Ние на изборниот молк разговаравме за да го контролираме заедно избирачкиот процес. Немојте никој да ве лаже, доста ни се делби – рече Заев пред собраните граѓани.

Тој додаде дека Груевски нема да формира Влада без разлика каков ќе биде резултатот од ДИК и апелираше до граѓаните да бидат мирни и со сталожени мисли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...