Свет Балкан Грција реагираше против Австрија и кај холандското претседателство со ЕУ

Грција реагираше против Австрија и кај холандското претседателство со ЕУ

Грција се пожали и на холандското претседателство со Европската унија за утрешниот состанок во Виена за бегалската криза, на кој не е поканет грчки претставник. Премиерот Алексис Ципрас за целата бегалска криза и за проблемите поради затворањето на границите за бегалците разговараше денеска со холандскиот премиер Марк Руте, кој овие шест месеци претседава со ротирачкото претседателство на Унијата.

Според информациите од кабинетот на Ципрас, грчкиот премиер изразил незадоволство што ЕУ покажала слабост и неможност да се осигура одржување на договорот од Брисел во врска до бегалската криза, индиректно говорејќи за домино-одлуката на Австрија да се затворат балканските граници.

Во врска со утрешниот состанок во Виена меѓу австриското министерство за надворешни работи и државите од Западен Балкан, Ципрас истакнал дека сите одлуки во врска со бегалската криза треба да се носат заеднички и без исклучување на држави кои се директно засегнати од ситуацијата.

Реакцијата на Ципрас до Холандија доаѓа по протестната нота упатена до Австрија, активности кои се дел од дипломатските чекори што Грција планира да ги преземе како реакција на затворањето на границите и на заглавувањето на бегалците на нејзина територија.