Свет Балкан Грција и Турција ги испеглаа несогласувањата

Грција и Турција ги испеглаа несогласувањата

Лидерите на Грција и на Турција ги изгладија најголемите несогласувања меѓу двете земји и изразија поддршка за изградба на поблиски односи меѓу двете соседни земји.

По средбата со грчкиот премиер Андонис Самарас, турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Турција го поддржува враќање на мермерите на Партенон на Грција, како дел од враќањето на културното наследство на земјата од која потекнува.

Самарас изјави дека ги поддржува напорите на Турција за влез во ЕУ, под услов да ги исполни сите услови за членство во европскиот клуб.