Свет Балкан Грција ги одби барањата за азил на пребегнатите турски војници

Грција ги одби барањата за азил на пребегнатите турски војници

Официјална Атина го одби барањето за азил на седум од осумте турски војници што по неуспешниот воен удар во Турција со хеликоптер пребегнаа во Грција.

Како што јавуваат грчките медиуми, сè уште не се знае каква ќе биде одлуката за осмиот турски војник, кој заедно со своите седум колеги ја напуштија Турција на 16 јули, еден ден по пучот, и слета во градот Александропулис, во близина на турската граница.

Турските војници, по одбивањето на нивните барања за азил, соопштија дека се жртви на „билатералната политика“ и оти комисијата што ги разгледувала нивните барања не се водела од меѓународното и од европското право, туку само од билатералната политика.

Анкара во август официјално побара од Атина да ги екстрадира војниците, кои се обвинети за учество во пропаднатиот обид за државен удар.