Свет Балкан Грчко МНР: Преименувањето на автопатот и аеродромот е важен исчекор од иредентизмот

Грчко МНР: Преименувањето на автопатот и аеродромот е важен исчекор од иредентизмот

Министерството за надворешни работи на Грција вечерва ја поздрави одлуката на македонската влада да ги преименува автопатот „Александар Македонски“ и скопскиот аеродром „Александар Велики“ во „Пријателство“ и „Меѓународен аеродром Скопје“.

„Ја поздравуваме денешната одлука на владата на Поранешна југословенска република Македонија да го преименува аеродромот кај Скопје во „Меѓународен аеродром Скопје“ и автопатот што ги поврзува Скопје и грчката граница во „Автопат Пријателство“. Денешната одлука е позитивен чекор кон поништување на она што се случи во изминатата деценија и создаде тензии во односите меѓу двете земји. Ова е важен развој во правец на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе одбележи почеток на ново поглавје во односите меѓу двете земји и двата народа“, гласи соопштението од грчкото МНР.