Свет Европа Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк

Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк

Грчките новинари стапија во 24-часовен штрајк поради недоволното кофинансирање на нивното здравствено, пензиско и социјално осигурување, што е резултат на мерките на штедење што кредиторите ги побараа од грчката влада.

Поради штрајкот, сите радио и телевизиски станици утринава во шест часот го прекинаа емитувањето програма, порталите не се ажурираат, а весниците утре нема да излезат.

Најголемото грчко здружение на новинари, ЕСИЕА, ја повика владата со закон да обезбеди фондот за социјално осигурување да може финансиски да ги задоволи барањата на новинарите за здравствено и за пензиско осигурување.

Таквите фондови во Грција е финансираат од три, претходно рамноправни извори: од придонесите на самите осигуреници, од придонесите на работодавците и од придонесите на државата.

Во последните години, придонесите на осигурениците се зголемуваат и тоа со законски измени, плаќаат придонеси, а државата поради длабоката финансиска криза е обврзана да штеди.