Економија Граѓаните чии сметки за струја не одговараат со потрошувачката, да се обратат...

Граѓаните чии сметки за струја не одговараат со потрошувачката, да се обратат до ЕВН

Фото: Архива на Мета

Граѓанитете чии сметки за електрична енергија не соодветствуваат со реалната потрошувачка, и истите не се корeгирани од ЕВН, можат да поднесат претставка до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која има надлежност да постапува во овие случаи, информираат од таму.

„Граѓаните можат самостојно да извршат отчитување на броилото на електрична енергија и состојбата да ја пријават соодветно преку интернет платформата на ЕВН. Доколку добиената сметка отстапува од реалната состојба што ја прикажува броилото, компанијата е должна да изврши корекција на месечната сметка за потрошена електрична енергија. Во случај да не бидат корегирани податоците и сметката ако отстапува од реалната потрошувачката на струја, во висока и ниска тарифа, потрошувачите можат да се обратат до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која ќе посредува, со цел да добијат сметка во која ќе биде фактурирана потрошената електрична енергија,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од РКЕ додаваат дека поради вонредната состојба, а почитувајќи ги препораките на Министерството за здравство и Владата за заштита од ширење на корона вирусот, дел од компаниите врз коишто имаат надлежност ги дигитализирале услугите со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се намали физичкиот контакт.