Македонија Граѓанин на Подлес пукал во двајца велешани, едниот починал

Граѓанин на Подлес пукал во двајца велешани, едниот починал

44-годишниот велешанец кој преживеал се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош

фото: Министерство за внатрешни работи (МВР)

По претходна расправија, 61-годишен граѓанин на селото Подлес, Општина Градско пукал кон двајца велешани. Од здобиените повреди, еден од велешаните починал во амбулантата во Градско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

На пукањето му претходела расправија, но од МВР не соопштија повеќе детали за причините за недоразбирањата. 44-годишниот велешанец кој преживеал се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош.

Од МВР соопштија дека полицијата од СВР Велес го лишила од слобода С.И. кој пукал кон починатиот и повредениот. Неговиот пиштол бил пронајден и одземен, а тој бил задржан во станица.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.