Македонија Граѓаните на отворен ден на Владата

Граѓаните на отворен ден на Владата

Граѓаните на Македонија денеска на отворениот ден на Владата ќе можат одблизу да се запознаат со нејзината работа.
Во рамките на „Отворена Влада“, граѓаните ќе се запознаат со начинот на функционирање, спроведувањето на владините политики, а ќе можат да учествуваат и на седница на една од владините комисии.

Со обиколката на зградата ќе бидат опфатени и Салата за билатерални средби, Кабинетите на потпретседателите на Владата, Генералниот секретаријат и Дебатната сала.