Македонија Граѓаните ќе собираат потписи за измени на Законот за аменестија

Граѓаните ќе собираат потписи за измени на Законот за аменестија

Владата доставила одлука до Државната изборна комисија со која дозволува собирање потписи за поднесување амандман до Собранието за измена на Законот за амнестија, објави „Нова ТВ“.

– Добивме информација дека одговорот од Владата стигнал до ДИК – соопшти Мери Николовска од граѓанската иницијатива за измени во Законот за амнестија.

Роднините на осудените, кои три дена протестираа пред Собранието, се надеваат дека ќе успеат да ги соберат потребните 10.000 потписи, со кои ќе предложат намалување на казните за 40 отсто. Намалените казни, сепак, нема да се однесуваат на тие што извршиле геноцид и кои се во бегство.

Со измените на законот, казната доживотен затвор би требало да биде променета во затворска казна до 20 години.