Македонија Граѓаните денеска повторно ќе протестираат

Граѓаните денеска повторно ќе протестираат

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска по петти пат ќе организираат протести, кои ќе почнат пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот.

Тие повикуваат на масовен протест и бараат оставка на претседателот Ѓорге Иванов поради, како што велат, срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболира криминалците. Од „Протестирам“ бараат и почнување на процес за избор на експертска влада, која ќе го подготви теренот за вистински слободни, веродостојни и демократски избори, како и итно суспендирање на почнатиот процес на распишување парламентарни избори.

По Скопје и Битола, има најави за протести и во Струмица.