Хроника Граѓанин открил нелегално поставена опрема на банкомат во Аеродром

Граѓанин открил нелегално поставена опрема на банкомат во Аеродром

Вчера попладне во Единицата за информации и команда Скопје, граѓанин пријавил дека при вадење на картичката од банкомат на банка на булеварот Видое Смилевски – Бато во населбата Аердром, забележал дека на банкоматот се вградени двојна тастатура и двоен скен-детектор.

Од МВР информираат дека претставник на банката потврдил дека станува збор за додатоци кои биле нелегално поставени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.