Македонија Графити со содржина „Албанска национална Илирида“ и „УЧК“ испишани на споменик од...

Графити со содржина „Албанска национална Илирида“ и „УЧК“ испишани на споменик од НОБ во Гостивар

На споменикот на загинатите борци од НОБ во Гостивар, непознати лица испишале графити со етинички пароли на албански јазик, информира полицијата.

Графити со содржина, „Албанска национална Илирида“ (Ilirida shqipri etnike), „Илирида на кастриотите“ (Ilirida kastriotet), „УЧК“, „Гаши, Фатон, Исен, Вулнет“ (Gaxi Faton Isen Vulnet), освен на споменикот на загинати борци од НОБ, биле испишани и на влезната врата од спортската сала во градот.

Полицијата извршила увид на местото и работи на откривање на сторителите.