Македонија Графити со навредлива содржина на штаб на СДСМ во село Криволак

Графити со навредлива содржина на штаб на СДСМ во село Криволак

Изборниот штаб на СДСМ во село Криволак вчера бил оштетен, а на куќа во истото село бил испишан и заокружен бројот 13 и напис ВМРО, информираат од МВР.

„Вчера, во 7.15 часот, во полициската станица во Неготино, пријавено е оштетување на штаб на СДСМ лоциран во село Криволак, на кој се испишани графити со навредлива содржина. Исто така, околу 9 часот е пријавено дека на куќа, сопственост на М.Ј. (70) од село Криволак, од страна на непознато лице е испишан и заокружен бројот 13 и натпис ВМРО“, пишува во полицискиот билтен.