Македонија Градот Скопје отвори книга на жалост

Градот Скопје отвори книга на жалост

Градот Скопје денеска отвори книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го погоди градот.

Книгата ќе биде поставена во просториите на Советот на Град Скопје и сите граѓани што сакаат ќе можат да се запишат денеска до 21 часот и утре до 16 часот.

Од МВР известија дека вкупната бројка на починати лица досега изнесува 22 лица.

Од синоќешното ново невреме кое го зафати скопскиот регион, нема исчезнати и повредени, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Граѓаните ќе може да се потпишат во оваа книга и во текот на утрешниот

ден /09.08.2016 година, вторник/ во периодот од 9 до 16 часот.