Македонија Градоначалникот на Чаир, Ганиу е позитивен на корона вирусот

Градоначалникот на Чаир, Ганиу е позитивен на корона вирусот

Граданочалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу кој беше во самоизолација поради контакт со заболен од корона вирусот, потврди дека е позитивен.

„По извршениот тест вчера за можноста на заразен со Ковид-19, Ве информирам дека резултатот е позитивен. Чувствувам жалење за сите вас со кои сум имал контакт. Од оваа положба уште еднаш Ви апелирам и молам за внимание, заштитни мерки и почитување на препораките. Заедно ќе го надминеме и ова,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.