Македонија Град Скопје во изминатиот месец изрекол четири казни за палење отпад

Град Скопје во изминатиот месец изрекол четири казни за палење отпад

Во текот на изминатиот месец екипите на Град Скопје по извршената контрола изрекле четири казни за палење отпад, од две им биле изречени на физички лица, а две на правни лица, информираат од градската администрација.

„Градот Скопје во текот на 2017 година има одобрено 500 елаборати и извршено 94 контроли за периодот ноември-декември, односно се извршени контроли на сите фирми коишто имаат емисии во воздухот при производниот процесот и не се евидентирани неправилности при нивното работење“, се вели во соопштението.