Македонија Град Скопје синоќа фрли 85 тони сол

Град Скопје синоќа фрли 85 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ, на критичните места и на булеварите каде што ималo потреба, фрлиле 85 тони сол.

„Во текот на изминатиот викенд, екипи на Град Скопје и на јавните градски претпријатија го расчистуваа и мразот од тротоарите. Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и за одржување. Апелираме до граѓаните, куќните совети и до сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти“, се вели од соопштението на Град Скопје.