Македонија Град Скопје од утре до петок ќе прска против комарци од земја

Град Скопје од утре до петок ќе прска против комарци од земја

Photo by Wolfgang Hasselmann on Unsplash

По наездата на комарци во главниот град поради влажното време и авионското прскање што се одвиваше изминатава недела, Градот Скопје од утре (31 август) до петок (4 септември) ќе врши терестрична дезинсекција на подрачјето на главниот град против возрасни форми на комарци. Прскањето против комарци од земја ќе се врши во периодот од 9 до 3 часот, наредниот ден.

„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин“, известуваат градските власти.

Од Град Скопје известуваат дека пчеларите треба навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.