Македонија Град Скопје ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Град Скопје ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Градот Скопје утре во периодот од 20.30 до 21.30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот.

Осветлувањето ќе биде исклучено на плоштад Македонија и околу спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, Мостот Око и на Мостот на уметноста.

Поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја“ низ светот ќе ги исклучат светилките и ќе испратат силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.

Оваа светска манифестација се спроведува во 170 држави низ светот.