Македонија Град Скопје ќе прска против комарци

Град Скопје ќе прска против комарци

Фото: Град Скопје

Градот Скопје информира дека во текот на наредните неколку дена ќе се прска против комарци, според следниот план:

Авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 15 јули (четврток) и на 16 јули (петок), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција против комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се одвива од 18 јули (недела) до 22 јули (четврток), во периодот од 22 до 03 часот, наредниот ден.

„Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите,“ се вели во соопштението.