Македонија Град Скопје ќе формира совет на млади

Град Скопје ќе формира совет на млади

Акцијата за чистење ќе започне на улицата Бутелска

Советот на Град Скопје ќе формира совет на млади, кој ќе има задача да го поттикнува и овозможува активното учество на младите во јавниот живот. Одлуката за формирање совет на млади ќе се најде пред градските советници на наредната седница на Град Скопје, што ќе одржи во вторник.

Во предлог-одлуката пишува дека советот ќе има 11 претставници, од кои пет ќе бидат од невладини организации и од регистрирани здружениија, по двајца претставници од студентските и од ученичките совети и двајца од Советот на Градот Скопје.

Советот на млади, кој ќе биде советодавно тело на Градот, ќе се состои од членови што ќе бидат на возраст од 15 до 30 години и ќе има задачи да расправа за прашања значајни за младите, ќе предлага програми и други акти до Советот на Градот, ќе соработува во изработката и ќе го следи спроведувањето на локалните акти на млади кои ги донеле советниците, ќе организира трибини, работилници, предавања, манифестации и друго.

Членовите на овој совет ќе се избираат на две години, а редовни седници ќе мора да одржуваат најмалку еднаш во два месеца. Советот ќе мора да изработува програма најдоцна до 30 ноември секоја година и да ја доставува на согласнот до Градот Скопје.