Македонија Град Скопје го исклучи осветлувањето како дел од акцијата „Часот на планетата...

Град Скопје го исклучи осветлувањето како дел од акцијата „Часот на планетата Земја“

Градот Скопје синоќа беше дел од глобалната акција „Часот на планетата Земја 2017“ и во времетраење од еден час го исклучи осветлувањето на неколку објекти и локации во центарот на градот.

Во периодот од 20.30 до 21.30 часот, Градот Скопје го исклучи осветлувањето на плоштадот Македонија и околу спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, мостот Око и на Мостот на уметноста.

Вчеравечер, поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја 2017“ во светот со симболично исклучување на светилките во времетраење од еден час испратија силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.

Оваа светска манифестација се спроведува во 170 држави во светот.