Хроника Грабеж во Сарај – од сеф украдени 5.000 евра

Грабеж во Сарај – од сеф украдени 5.000 евра

Ноќеска во околу 1.30 по полноќ, на улица Борис Сарафов во Скопје, непознат сторител извршил кражба во фирма сопственост на Џ.М. од село Сарај.

Крадецот ја скршил влезната врата и од метален сеф одзел околу 5.000 евра.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.