Технологија Гаџети „Гоу про“ развива беспилотно летало

„Гоу про“ развива беспилотно летало

Дрон

Американскиот произведувач на акциони камери, компанијата „Гоу про“, планира да го прошири својот производствен асортиман, јавува „Вол Стрит џурнал“, повикувајќи се на извори блиски до компанијата.

Во текот на следната година, освен врвни спортски камери и опрема за нив, „Гоу про“ би требало да почне да произведува и сопствени беспилотни летала.

Станува збор за летала со повеќе ротори (мултикоптер), што ќе бидат наменети за приватни корисници и за ентузијасти. Се очекува леталото да биде опремено со видеокамера со висока дефиниција, а цената ќе се движи од 500 до 1.000 американски долари.

Според првичните информации, беспилотното летало на „Гоу про“ нема да се најде во продажба пред втората половина на 2015 година.