Хроника Гостиварец повреден од огнено оружје

Гостиварец повреден од огнено оружје

Во полициската станица во Гостивар, Г.Р. (1973) пријавил дека на 7 август, околу 22.30 часот, во кругот на летната бавча од ресторан „Сајгија“, дошло до предизвикување општа опасност на тој начин што од страна на засега непознат сторител било испукано од огнено оружје.

Додека Г.Р. излегувал од своето возило и се упатил кон една од масите во ресторанот, во еден момент бил погоден од проектил во пределот над десната надлактница, при што добил расеченица.