Хроника Гостиварец нападнат и ограбен на улица

Гостиварец нападнат и ограбен на улица

Дваесетгодишен гостиварец синоќа на улица во градот бил нападнат и ограбен од неколкучлена разбојничка банда, информираат од полицијата.

Разбојништвото се случило околу 20 часот, на паркиралиште на улицата Мајор Чеде Филипоски. Според полицијата, Л.Ј. првин бил пресретнат од едно лице, кое му побарало запалка, и откако ја добил, го зграбил момчето за јакната и му побарал пари. Тоа некако успеало да се оттргне, но при обидот да побегне, било пресретнато од неколку дурги лица, кои физички го нападнале, а потоа му ги зеле мобилниот телефон и паричник, во кој имало 500 денари и лични документи.
По пријавата на случајот, полицијата привела неколку лица, кои се осомничени дека го извршиле разбојништвото.

Како што информираат од МВР, станува збор за Б.Л. (19), А.Ф. (26) и Е.Х. (22), сите од селото Добридол, против кои по документирањето на случајот ќе биде поднесена пријава.