Економија Горивата поскапуваат за половина денар

Горивата поскапуваат за половина денар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува, одлучи Регулаторна комисија за енергетика. Цената на бензините „еуросупер-95“ и „еуросупер-98“ се зголемува за 0,5 денари.

Дизел горивото исто така поскапува за половина денар, така што, „еуродизел“ ќе чини 54,50 денари.

Овие цени на горивата ќе важат за следните две недели.