Економија Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ, дизелот најмногу

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ, дизелот најмногу

(Фото: finance.bigmir)

Од ноќеска на полноќ цените на бензините ќе се зголемат за половина и за еден денар, додека дизелот ќе поскапи за 1,5 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“ се зголемува за половина денар и со тоа новата цена ќе изнесува 63,5 денари за литар. Цената на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе се зголеми за еден денар и со тоа новата цена ќе изнесува 62 денари за литар, дизелот пак поскапува за 1,5 денар, односно на 60 денари за литар.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на покачената цена на суровата нафта на светските пазари и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.