Економија Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ, бензинот за 1,5 а дизелот за...

Горивата поскапуваат од ноќеска на полноќ, бензинот за 1,5 а дизелот за два денари

Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“, од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден односно 1,50 денари од литар, а „еуродизел“ поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

„Еуросупер БС-95“ ќе се продава за 74,50 денари, „еуросупер БС-98“ за 76,50, а „еуродизел“ за 69 денари.

Регулаторната комисија го образложува поскапувањето на горивата со зголемување на  просечната цена на суровата нафта за 4,74 отсто во изминатите две недели.