Свет Балкан Гори воената зона на турско-сириската граница, експлодирала муниција

Гори воената зона на турско-сириската граница, експлодирала муниција

Голем пожар изби во воената база во турската јужна провинција Килис, која се граничи со Сирија, пренесуваат утринава турските медиуми.

Како што се наведува, мали експлозии можеле да се слушнат од складиштето за муниција кое се наоѓа таму. Пожарот избил нешто по полноќ, а додека пожарникарите го гаселе, сообраќајот во регионот бил целосно запрен.

Засега нема податоци за евентуална штета и за причините за пожарот.