Македонија Гори борова и дабова шума кај охридските села Вапила и Сирула, 26...

Гори борова и дабова шума кај охридските села Вапила и Сирула, 26 пожари се изгаснати

Фото: Дирекција за заштита и спасување

Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула – гори борова и дабова шума и ниска вегетација, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.

Освен овој активен пожар во Охридско, како што информираше ЦУК, во изминатите 24 часа изгаснати се 26 пожари во земјава.

Во изминатото деноноќие (9-10 август 2022), меѓу другите, изгаснати се пожарите кај Студеничани, Ѓорче Петров, Куманово, Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Дебар, Тетово и Шуто Оризари.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вчера на прес-конференција изјави дека надлежните добро се справуваат со пожарите и покрај тоа што државата нема доволно ресурси.