Главна секција Ѓорѓиев: Одложувањето на средбата на Груевски со Јункер е заедничка одлука

Ѓорѓиев: Одложувањето на средбата на Груевски со Јункер е заедничка одлука

Ние сме во постојана комуникација со претставниците на европските институции, изјави за новинската агенција „Мета“, портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, откако претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја откажа средбата со премиерот Никола Груевски што требаше да се одржи в четврток во Брисел.

– Ние сме во постојана комуникација со претставниците на европските институции. Имајќи предвид дека само пред неколку дена премиерот Груевски имаше средба со еврокомесарот Хан, на која опсежно беа разменети мислења и идеи за поголем број теми и аспекти, меѓу двете страни заеднички беше проценето дека пред средбата Груевски – Јункер, потребен е еден поголем простор за да се обезбеди подобар и посеопфатен увид во целокупната тематика што ќе биде предмет на таа средба – изјави Ѓорѓиев.

Портпаролката на Јункер, Мина Андреева, денеска изјави дека поради развојот на настаните на терен, се одлучи дека „не е опортуно да се има средба сега“.