Свет Балкан Ѓорге Иванов во тридневна посета на Србија

Ѓорге Иванов во тридневна посета на Србија

Претседателот Ѓорге Иванов од утре ќе биде во тридневна посета на Србија и ќе разговара со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, и со премиерот, Александар Вучиќ, а ќе учествува и на бизнис-форум на македонски и на српски бизнисмени.

Иванов в недела во Панчево ќе присуствува на свечена академија со која се одбележуваат 70 години од доселувањето на Македонци во Војводина, што е и повод за неговата посета.

Главни теми на разговорите на Иванов со Николиќ и со Вучиќ ќе бидат зајакнувањето на билатерална соработка и ситуација во регионот.