Дописници „Горе длабоко – Долу високо“, ликовна изложба на Масин во Белград

„Горе длабоко – Долу високо“, ликовна изложба на Масин во Белград

Од денеска до 25 март, во павилјонот „Цвијета Зузориќ“ во Белград, ќе биде поставена заедничка изложба на Стојан Ѓуриќ и на охридскиот сликар Мирослав Масин, со наслов: „Горе длабоко – Долу високо“.

Мирослав Масин пред неколку години дел од својот циклус на дела „Горе длабоко – Долу високо“ претстави на реномираниот фестивал „Охридско лето“, како и на Научната и културна визита, организирана од МАНУ во Куќата на Уранија во Охрид.