Свет Европа Горбачов: Не е сè изгубено меѓу Западот и Русија

Горбачов: Не е сè изгубено меѓу Западот и Русија

Михаеил Горбачов

Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов, смета дека е неопходно Западот и Русија да направат заедничка работна група која би создала мир во Европа.

– Сметам дека прва работа што мора да ја направиме е да ги оживееме заедничките интереси и идеи за изградба на Европа како наш дом, а не како театар на антагонизам – наведе Горбачов на отворањето на форумот посветен на 25-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Според поранешниот лидер, Русија и Западот ја губат меѓусебната доверба кога мора да најдат заеднички сличности.

– Прва задача е да ја вратиме довербата, а уверен сум дека не е сè комплетно изгубено. Мораме да работиме на можностите, да ги одбиеме негативните тенденции. Верувам дека имаме сила за тоа – наведе Горбачов.