Свет Балкан Свилановиќ доби награда за унапредување на соработката помеѓу државите во ЈИЕ

Свилановиќ доби награда за унапредување на соработката помеѓу државите во ЈИЕ

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, е добитник на наградата „Д-р Елмер Хантош“, за унапредување на сооработката во регионот на Југоисточна Европа, што ја доделува Централноевропската фондација, соопшти РСС.

Наградата е доделена за промоција на соработката во Југисточна Европа и интеграциските процеси на државите кон Европската Унија, што се вклопува и во напорите за продлабочување на економската соработка во Централна и во Источна Европа, цели на кои работи Централноевропската фондација.

Свилановиќ е прв човек на Регионалниот совет за соработка, меѓувладино тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и полноправна членка е и Македонија.

Претходно, Свилановиќ беше министер за надворешни работи во Србија и Црна Гора, ги водеше и процесите за демократизација и за унапредување на човековите права при Пактот за стабилност, а подоцна беше и координатор на економските и еколошките активности во ОБСЕ.