Македонија Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за викенд, поради трки со...

Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за викенд, поради трки со автомобили

Големиот паркинг на Водно ќе биде затворен за време на викендот, до 15.30 часот поради спортска манифестација, информираат од МВР.

„На 08 и 09 декември (сабота и недела) во времето од 07 до 15.30 часот, во организација на АКК Примо АВЈ – Скопје ќе се одржи спортска манифестација „Авто слалом-спретно возење Скопје 2018“ на големиот паркинг на Водно и од тие причини ќе биде затворен. МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, соопштуваат од МВР.