Македонија Голема полициска акција во Западна Македонија

Голема полициска акција во Западна Македонија

Голема полициска акција за апсење членови на поголема криминална група, утрово се спроведува во западниот дел од зејава, потврдуваат за „Мета“ од МВР.

Според полицијата, станува збор за група која се занимавала со насилен криминал, а во акцијата се уапсени и неколкумина адвокати и извршител.

Во текот на акцијата, еден од осомничените стрелал во припадниците на специјалната полициска единица, но бил совладан и уапсен.

Како што информираат од МВР, акцијата е сè уште во тек, бидејќи неколкумина од осомничените се во бегство, но полициски екипи им ја следат трагата и ги бркаат.

Повеќе детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денешниот ден.