Свет Европа Голем пресврт во Ватикан: Папата им дозволи на свештениците да го простуваат...

Голем пресврт во Ватикан: Папата им дозволи на свештениците да го простуваат абортусот

Папата Франциск им одобри на сите свештеници да го простуваат абортусот. Папата ја објави големата одлука во документот „Апостолско писмо“, по завршување на Светата година на милосрдието.

– Сакам да нагласам дека абортусот е сериозен грев, имајќи предвид дека со него се завршува невин живот. Но, не постои грев до кој божјата милост не може да дојде и да го избрише во моменти кога тој што се покајува ќе одлучи да се смири со Бога – напишал папата Франциск.