Хроника Голем пожар во бараките кај ГУЦ на Партизанска

Голем пожар во бараките кај ГУЦ на Партизанска

Голем пожар избил во бараките кај скопското училиште „Здравко Цветковски“, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ на булеварот Партизански одреди.

Противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го изгасат огнот, кој целосно ги зафатил бараките. Нема информации за повредени, но поради густиот чад што се издига и е видлив на булеварот, наводно се евакуирани и учениците од средното училиште.

Засега не се знае причината за пожарот.


.