Свет Голем пожар во Балтимор

Голем пожар во Балтимор

Еден ден по немирите во Балтимор, запален е и целосно изгоре општинскиот центар и апартманите на Баптистичката црква во источен Балтимор.

Повеќе од 90 пожарникари безуспешно се обидуваа да го изгасат пожарот. Нема загинати во пожарот.

Причината за пожарот се истражува, додека низ градот владеат немири по погребот на Фреди Греј, 25-годишниот Афроамериканец кој почина во полициски притвор.

Кевин Харис, портпарол на градоначалникот на Балтимот, изјави дека пожарот е поврзан со немирите во градот.

.