Спорт Голден Стејт во финале по 40 години

Голден Стејт во финале по 40 години

Голден Стејт со 104-90 славеше против Хјустон и со вкупно 4-1 од петте натпревари од финалната серија на Западната конференција се пласираше во финале, каде за титулата ќе игра против Кливленд.

Стеф Кари повторно беше најефикасен, со 26 поени, осум скока и so шест асистенции. На спротивната страна Двајт Хауард постигна 18 поени и 16 скока.

„Вариорс“ првпат по 1975 година ќе играат во финале и ќе имаат можност да ја освојат втората титула откако таа година во серијата за титулата славеа над Вашингтон со 4-0.

Претходно во конференциското финале на Истокот, Кливленд со 4-0 во серија ја елиминираше Атланта. Финалната серија што се игра до четири победи почнува на четврти јуни, а предноста на домашниот терен во евентуалната мајсторка ја има Голден Стејт.