И покрај одличната изведба, Андреа не се пласираше во финалето на Евровизија

Фото: Принтскрин Јутјуб

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, која во Торино настапи со песната „Circles“ и покрај одличната, емотивна изведба не успеа да се пласира во финалето на Евровизија.

На грандиозната сцена на Пала Олимпико таа настапи под редниот број 11. Облечена во црна креација на стилистка Цаци Паковска, како што најави кога беше одбрана да биде наш претставник, Андреа излезе сама.

Во евровизиското финале што ќе се одржи утре ќе настапат преставниците на Србија, Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска и Романија.

По првата полуфинална вечер во вторник, во финалето се пласираа и Ерменија, Холандија, Молдавија, Украина, Португалија, Грција, Норвешка, Литванија, Исланд и Швајцарија.

Српската претставничка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта која ќе пее и на финалната вечер доби најдолги овации и аплаузи. Додека го пееше рефренот, едвај се слушаше од силното ракоплескање на публиката.