Спорт Ѓоковиќ лесно ја одбрани титулата во Париз

Ѓоковиќ лесно ја одбрани титулата во Париз

Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на АТП-турнирот во Париз и е уште поблиску до одбрана на првата позиција на ранг-листата на АТП. Српскиот тенисер во финалето го победи Милош Раониќ со 6:2 и 6:2, за нешто повеќе од два часа и во ниту еден момент не ја доведе во прашање својата нова титула.

Проблемите со зглобот поради кои Ѓоковиќ побара тајм-аут не донесоа пресврт во играта на двајцата тенисери, па откако Ѓоковиќ го доби првиот сет со 6:2, со сигурна игра стигна до триумф од 2:0 во сетови.

Светскиот рекет број еден продолжува на завршниот турнир во Лондон каде има големи шанси да ја обезбеди првата позиција.

Со јубиленјата 600. победа, тој е на петтото место на листата на тенисери со 600 или повеќе победи во сингл-конкуренција.