Македонија Годишно обраќање на Иванов на пладне во Собранието

Годишно обраќање на Иванов на пладне во Собранието

????????????????????????????????????

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во 12 часот, ќе има годишно обраќање во Собранието на Република Македонија.

Ова ќе биде последно годишно обраќање на Иванов како претседател на државата.

Неговиот мандат истекува на 2 мај наредната година, а претседателските избори ќе бидат распишани најверојатно на почетокот на февруари.

Иванов 10 години е претседател на државата. Тој прв пат стапи на функцијата откако победи на претседателските избори во 2009, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а за втор мандат беше избран во 2014 година.