Хроника Го заклучил во работилница поради нерасчистени имотни односи

Го заклучил во работилница поради нерасчистени имотни односи

Кривична пријава доби шеесет и едногодишниот Д.С. од Крушево бидејќи во својата работилница заклучил дваесет и петгодишно лице од Битола, поради нерасчистени имотно-правни односи, информираат од МВР.

Битолчанецот бил заклучен во работилницата околу 30 минути, сè до доаѓањето на полицајците што успеал да ги повика од својот мобилен телефон.